logo
Зборко

Политика за приватност

Обновена на 1 октомври 2026

Оваа политика се однесува на Зборко, македонска веб-екстензија која го објаснува значењето на зборовите што ги избирате на било која веб-страница.

Какви податоци собираме

Екстензијата не собира, не зачувува и не испраќа податоци за вашата личност, вашите посетени страници, вашата историја на прелистување, вашите лозинки или било какви идентификувачки податоци.

Единствениот податок што се испраќа е зборот што сте го избрале со селекција. Тој збор се испраќа единствено кога побарувате објаснување.

Каде се испраќаат податоците

Избраниот збор се испраќа на нашиот сервер за барање објаснување:

https://zborko.vercel.app/api/words?zbor=<избраниот збор>

Овој сервер го обработува барањето и го враќа објаснувањето, кое се прикажува во екстензијата. Не се користат аналитички или рекламни алатки од трети страни, и податоците не се продаваат.

Локално складирање

Вашите поставки (вклучувајќи ја и листата на страници за кои е исклучено објаснувањето) се чуваат исклучиво во вашиот прелистувач, преку синхронизираното складирање на екстензијата. Овие податоци:

  • не се испраќаат на нашиот сервер,
  • се синхронизираат само меѓу вашите сопствени уреди на кои е инсталирана екстензијата, преку профилот во вашиот прелистувач.

Можете да ги избришете во секој момент со отстранување на екстензијата, или со исчистување на податоците за екстензијата во вашиот прелистувач.

Чувствителни податоци

Не собираме и не обработуваме податоци за деца, чувствителни лични податоци или податоци поврзани со здравје, финансии или вера.

Промени во политиката

Ако ја промениме оваа политика, ќе го ажурираме датумот во горниот дел на страницата.

Контакт

За прашања во врска со приватноста, пријавете проблем на GitHub репозиториум на проектот.